Македонија
ДОМ со поддршка на иницијативата за една изборна единица
На седницата на Централниот одбор на зелената партија ДОМ, одржана вчера, се дискутираше за актуелната политичка состојба, за заклучоците од стратешкото планирање на ДОМ за периодот 2019-2024 и за идните активности.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, го истакна значењето на одлуката на германскиот Парламент за започнувањето на преговорите на нашата земја со ЕУ. Таа ја нагласи и континуираната поддршка што ја добиваме од страна на Европските зелени во однос на ова прашање, која на нејзин предлог беше реафирмирана и на неодамнешната лидерска средба на Европските зелени партии во Брисел.
ДОМ е на ставот дека очекуваната позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври ќе биде дополнителен поттик за развој на европските вредности, демократијата, владеењето на правото и неселективната правда, почитувањето на човековите права, како и на економскиот прогрес на македонското општество.
Членовите на ЦО на ДОМ искажаа задоволство од формираната иницијатива во Собранието, за една изборна единица.
„Реализирањето на оваа долгогодишна заложба на ДОМ ќе овозможи секој политички субјект самостојно, со своја предизборна програма да настапи на избори. Тоа ќе овозможи и поправична претставеност на граѓаните во Собранието и развој на демократијата“, смета партијата.
Централниот одбор ја разгледа информацијата и за претстојната посета на Европските зелени на ДОМ, во чии рамки поранешниот европратеник и член на Комитетот на Европските зелени, Томас Вајс, ќе учествува како панелист на конференција за климатските промени.
На состанокот на Централниот одбор се дискутираше и за еколошки теми, како решавање на проблемот со одлагање на фармацевтски отпад од домаќинствата и забрана за пластични производи за еднократна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

