Македонија
ДОМ со предлози за зелени урбанстички решенија
Демократската обнова на Македонија и „Зелениот институт“ , денеска одржале јавна дебата на тема „Како да се зазелени урбанизмот?“. Дебатата била организирана со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, во Галеријата КO-РА во Домот на градежници.
Повеќе советници од скопските општини и граѓански активисти дискутираале за жешките прашања во урбанизмот, кој го узурпира и дехуманизира просторот, наместо да обезбедува функционални решенија и квалитетно живеење, соопштуваат од ДОМ.
Тие барале одговори на актуелните прашања, како да заживее ааконот за урбано зеленило, донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20% зеленило на градежна парцела, и низ која правна процедура да се направи ревизија на штетните ДУП-ови.
Претседателката на советот во општина Центар, Јана Белчева Андреевска, говорела за наследените состојби на немање стратегија за зелен раст на општината, недостаток на податоци за моменталната ситуација и за реалните потреби на граѓаните, кои би служеле како влезни податоци за планирање.
„Сите ДУП-ови се без стратегиска оцена на влијание врз животната средина заради донесените одлуки за неспроведување на истата. Во изминатите месеци според предизборните ветувања се спроведува квалитативна евалуација на ДУП-овите и се идентификуваат конфликтите за нивна реализација. Досегашните анализи покажуват од 0-10% зеленило на ниво на плановите“, изјавила Белчева Андреевска.
За затекнатите состојби со урбанизмот во општина Карпош говорел Александар Анѓушев, советник во општина Карпош, кој ги образложил преставките до Уставен суд поднесени од граѓанските организации, писмените дописи од општината како поддршка и доказ, како и јавната кампања за да го поттикне судот да ги земе на разгледување преставките, со очекување тоа да биде основа за поништување на штетните ДУП-ови.
По обемната дискусија, во која учествувале претставници од граѓански организации, политички партии и институции, беа донесени неколку заклучоци како итно вградување на одредбите од Законот за урбано зеленило во Законот за просторно и урбанистичко планирање и во Законот за градење, со нормативи за 20% зеленило на градежна парцела и 25 м2 по жител на ниво на град, ревизија на донесените штетни ДУП-ови, кои отстапуваат од еколошките одредби во ГУП-от или кои се донесени во незаконска процедура, по што следи носење на равидирани ДУП-ови, со стандарди за хумано и квалитетно живеење.
Тие заклучиле дека е потребна строга заштита на урбаното зеленило според одредбите од Законот за урбано зеленило и преземање акции за негово зголемување, примена на современи начини на градење и поставување изолација и кровни градини со сончеви панели и ветерници, заради зголемување на зелената маса и обезбедување топлинска и електрична енергија, што ќе биде овозможено со новиот закон за енергетика, измена на законска регулатива со внесување задолжителна стратешка оцена за влијанието врз животната средина при носењето на ДУП-ови, задолжително објавување на општинската вебстрана на ДУП-овите во сите фази од донесувањето, заедно со одговорите на анкетните ливчиња, измена на законската регулатива за да се овозможи Советот да донесе одлука за укинување на ДУП и да се промени начинот на финансирање на општините за да не зависат во голема мерка од комуналиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.