Македонија
Донев на завршните зборови за „Тенк”: Јанкулоска помагала при набавката на „мерцедесот“
Обвинителот Стевчо Донев од специјалното јавно обвинителство денеска пред судот во завршните зборови од одвоената постапка за случајот „Тенк“ рече дека вината на обвинетата Гордана Јанкулоска се докажува преку изнесените телефонски разговори од кои може да се слушне како ексминистерката заедно со поранешниот премиер Никола Груевски и заменик-министерот Ѓоко Поповски ја договараат целата постапка за набавка на екстралуксузното возило при што се фаворизира операторот „Макаутостар“.
Донев истакна дека МВР навистина имало потреба од ново блиндирано возило и доказ за тоа е распишаниот тендер за набавка на старо блиндирано возило во вредност од 22 милиони денари со поминати 15 илјади километри.
За овој тендер до истекот на рокот не било пријавено ниту едно возило па од МВР наместо да ја повторат постапката со исти спецификации за бараното возило, оттаму се решиле да набават ново возило. Првично биле предвидени 15 милиони денари, што е помалку од првичната сума што била планирана да се издвои за половно возило, но потоа го зголемиле износот на 30 милиони денари.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

