Македонија
Донесени законите за судска, за јавнообвинителската дејност и за извршување санкции
Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската дејност и за извршување санкции со кои се зголемуваат платите на вработените.
Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
Законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кајмакоски по киднапирањето е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со напаѓачите“
Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.
„Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави“, рече Рашиќ.
Додаде и дека полицијата трага по непознатите сторители, странски државјани, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил, барајќи му 20.000 евра.
Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.
Рашиќ изрази благодарност до сите кои се јавиле и се загрижиле за здравјето и безбедноста на пејачот: „Им благодариме од срце на сите добри луѓе.“
Македонија
Мајката на Даниел Кајмакоски по киднапирањето: „Во шок сум, важно е што е жив“
Синоќа во Белград, во близина на „Бетон хала“, пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран, а според првичните информации, двајца странски државјани му пришле со оружје. По повод настанот се огласи и неговата мајка, Ружа Кајмакоска, која е сè уште во шок од случката.
„Фала што прашавте. Се слушнавме. Најважно е што е жив, а дали е добро – рано е да се каже“, изјави таа, додавајќи дека целото семејство доживеало голем стрес, јавува „Блиц“.
„Во вакви ситуации човек најмногу стравува за своите деца. Во шок сум“, рече Ружа.
Како што објави „Блиц“, сè се случило кога Даниел излегол од локалот во кој настапувал вечерта. Тогаш му пришле двајца мажи – се претпоставува странски државјани – вооружени со нож и пиштол. Го натерале да влезе во автомобил и го врзале.
Постои и видео-снимка. Бидејќи за време на викендите во Белград има засилени контроли, полицијата во рутинска проверка му дала знак на возилото да застане, но киднаперите продолжиле.
Во исто време, пријател на пејачот го пријавил киднапирањето во полиција. Кај исклучувањето за Рума, возилото удрило во заштитна ограда, по што напаѓачите се дале во бегство. Кајмакоски бил пронајден врзан во автомобилот.
Според пишувањата на српските медиуми, киднаперите планирале да стапат во контакт со семејството и да побараат откуп. Потрагата по нив сè уште е во тек.
Македонија
(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“
Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој синоќа бил киднапиран во Белград, јави српски „Телеграф“.
Сè започнало со полициска рација на улицата Караѓорѓева, кога возач на бел „Волво XC60“ не застанал на наредбата од полицијата и започнал бегство во правец кон Бранков мост. Брзо било утврдено дека се работи за киднапирање на познатиот пејач.
View this post on Instagram
При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид.
„Во текот на потерата, напаѓачите со пиштол му се заканувале на Кајмакоски и побарале 20.000 евра за неговиот живот. Дополнително се заканиле дека нивни соучесници, кои наводно го надгледуваат неговиот дом, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и деца“, пишува „Телеграф“.
По поминувањето на патарината Шимановци, возачот направил грешка под притисокот од полицијата и кај исклучувањето за Рума удрил во заштитна ограда. Двајца вооружени напаѓачи побегнале во темнината, додека полицијата во возилото го пронашла врзаниот Даниел Кајмакоски.
Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Специјалците од САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и најсовремена термовизиска опрема во потрагата по бегалците, кои, според исказот на жртвата, комуницирале на турски јазик.
Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како киднапирање, пишува „Телеграф“.

