Македонија
Дончев: Скопје да не ја пропушти шансата, проширувањето на ЕУ не е популарна тема
Не сум сигурен дека темата за проширување на Европската Унија ќе биде популарна доволно долго со оглед на превирањата за пандемијата на коронавирусот и здравствените и економските проблеми што ги носи, изјави вицепремиерот на Бугарија, Томислав Дончев, коментирајќи ги бугарско-македонските односи.
Од оваа причина тој смета дека Скопје треба да ја искористи шансата што ја има, но не се обврзува на прогнози за решавање на отворените прашања меѓу двете земји, објави „Бгнес“.
Вицепремиерот категорично негира дека Бугарија била под притисок однадвор да се согласи на почеток на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.
Дончев за „бТВ“ истакна дека земјите кандидати мора да ги расчистат сите контроверзни прашања и да не ги внесуваат во ЕУ пред да почнат преговори.
„Бугарија презеде доволно чекори за поддршка на Северна Македонија во последните години“, рече тој додавајќи дека Софија не го оспорува идентитетот на населението во Северна Македонија.
„Прашањето тука е како се толкува историјата и како таа се користи внатрешно и надворешно. За разлика од идентитетот што секој може да избере како да се чувствува, постои историска наука што работи со факти“, рече Дончев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

