Контакт

Македонија

Дополнителни мерки на Општина Карпош за превенција од коронавирусот

Објавено пред

На денешната 37. седница на Советот на Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев ги информира членовите на Советот за сегашната состојба, но и за сите мерки што досега се преземени и тековно самостојно ги презема локалната самоуправа на планот на превенција од ширењето на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Освен веќе важечките препораки и протоколи што ги донесе Министерството за здравство, односно Владата на Република Северна Македонија, Богоев ги извести советниците за мерките што ги презема самата Општина, при што веќе од утре стапува во сила привременото укинување на приемните денови во секторите урбанизам, финансии и во даночното одделение, во Инспекторатот, како и во делот за социјала, во состав на Секторот за јавни дејности, сè со цел да се превенира понатамошно евентуално ширење на вирусот.

Како дополнителен механизам, Богоев ја нагласи теренската кампања, која почнува од утре во сите урбани и месни заедници, во рамките на која ќе се истакнат телефонските броеви, имејл-адресите и контакт-личностите од сите споменати сектори и одделенија со кои ќе може да комуницираат жителите на Карпош. Таа се воведува со цел да не застане целосно работата на локалната власт, туку работите и натаму да може да се вршат, но со што поголемо избегнување физички контакт за да не дојде до целосно блокирање на општинските активности.

Од утре, паралелно со оваа кампања, соопшти градоначалникот на Карпош, ќе се спроведе информативна теренска кампања за сите препораки, насоки и задолженија, кои вчера ги изнесе министерот за здравство, а се однесуваат на целата популација, односно сè она што се однесува на секој граѓанин, поточно како секој граѓанин да се заштити себе и да ги заштити оние околу него од опасноста од зараза и пренесување на коронавирусот.

Екипите за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Карпош од средината до крајот на февруари ги извршија своите задолжителни активности во сите градинки и училишта на територијата на општината. Сега тие екипи се во состојба на висока подготвеност да извршат и вонредна дезинфекција во сите училишта и градинки и во нивните клонови. Таа ќе се темпира пред повторниот почеток на работа на училиштата и градинките, односно неколку дена пред повторниот почеток на наставата.

„Економскиот оператор што работи и стопанисува со кујните во основните училишта ме информира, рече Богоев, дека досега во два наврата извршил дезинфекција, дератизација и дезинсекција на кујните, и тоа еднаш редовно и еднаш вонредно, пред два дена.

Службите што се грижат за хигиената во општината добија 100 литри дополнителни количини дезинфекциски средства и средства за заштита при работа.

Конечно, продолжува и миењето на улиците и јавните површини во две смени, а по потреба ќе се мијат и во трета смена на целата територија на локалната самоуправа. Истовремено, Градот ги дезинфицира контејнерите за ѓубре и просторот околу нив како потенцијални места за ширење зарази, ги информира советниците градоначалникот на Карпош.

Во натамошниот дел од седницата на Советот на Општина Карпош беше одлучено да се формира комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи. Всушност, станува збор за утврдување финансиски надоместок за направената штета од неодамнешното невреме, со кое беше зафатена локалната самоуправа, и од кое настанаа значителни материјални штети. Советниците ја изгласаа и одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за подготвителни работи, чистење и рамнење на теренот на потегот од булеварот Илинден до пешачкиот мост „Газела“, односно за предвидениот голем парк на кејот на реката Вардар (зад хотелот „Александар палас“), кој ќе се уреди хортикултурно и со урбани реквизити.

Советниците изгласаа неколку одлуки со кои се одобрија парични средства за Здружението за граѓани за спортски, едукативни, хуманитарни активности, забава и спорт, за изготвување и реализација на проектот од областа на спортот „Активности и ориентација во природа“, за Здружението на психотерапија и едукација АМИГДАЛА за изготвување и реализација на проектот од областа на детската, социјалната и здравствената заштита „Превентивна програма за работа со деца во градинки за надминување на последиците од разводот на родителите “, како и за Пливачкиот клуб „Делфини спорт“ за изготвување и реализација на проектот од областа на спортот „Делфините од Карпош пливаат“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

Објавено пред

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.

dobivaj vesti na viber

Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија3 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ4 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија7 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија9 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија9 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија11 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија12 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија12 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија12 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија13 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија13 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија13 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија14 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет17 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет17 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет18 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет18 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа18 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет19 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...