Македонија
Досега не е поведена ниту една постапка по службена должност за заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација го промовираше извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2011-2018. Целта на извештајот е да собере податоци за досегашното спроведување на Законот и анализирање за севкупното работење на Комисијата од нејзиното формирање до денес, вклучувајќи го постапувањето на членовите на Комисијата во два состави, и тоа од 2011 до 2016 година и од 2016 до 2019 година. Во пресрет на изборот на нов состав на Комисијата за заштита од дискриминација и спроведување на новото законско решение со кое се надминаа дел од недостатоците, исклучително е важно да се мапираат досегашните недостатоци со цел ефикасна и ефективна зашита од дискриминација.
Марија Гелевска од Мрежата за заштита од дискриминација изјави дека „дел од членовите на Комисијата немаа претходно искуство во областа на дискриминација ниту пак искуство на работа за различни маргинализирани групи. Дополнително, видна беше и поврзаноста на дел од членовите со одредена политичка партија, а постоеше и регистрирана историја на дискриминаторски говор и говор на омраза кај дел од комесарите од последниот состав“.
„Мрежата за заштита од дискриминација постојано алармираше за неконзистентност, непрофесионалност и тенденциозност во постапувањето на Комисијата за заштита од дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација различно постапуваше во исти или слични случаи во зависност од политичката афилијација на потенцијалниот дискриминатор. На пример, Комисијата не утврдуваше вознемирување во случаите на говор на омраза кон ЛГБТИ-луѓето во медиуми блиски до тогашната власт, додека утврди дискриминација за слична содржина во мали и локални портали“, изјави Игор Јадровски, еден од авторите на извештајот.
Јована Јовановска-Кануркова истакна дека „Комисијата досега не повела ниту една судска постапка по службена должноста за заштита од дискриминација додека само за еден случај Комисјата покренала прекршочна постапка против дискриминатор кој не ја почитувал препораката на Комисијата за отстранување на дискриминацијата. Во дел од случаите и покрај утврдувањето на дискриминација, во мислењето нема препорака, а Комисијата не го следи спроведувањето на препораките. За да зборуваме за ефикасна заштита од дискриминација казните треба да бидат пропорционални, ефективни и да имаат одвратувачки ефект за сторителот, наспроти симболичкото казнување кое не придонесува до прекин на дискриминаторските практики“.
„Бараме Комисија и Министерството за труд и социјална политика сериозно да ги земат предвид овие наоди со цел унапредување на зашитата и превенцијата од дискриминација. Доследното спроведување на Законот, изборот на независни експерти од областа како комисионери, гарантирање на соодветен буџет за работа се само дел од предусловите за ефикасна и ефективна заштита од дискриминација, согласно препораките на Европската комисија, останатите тела за човекови права и согласно потребите на нашите граѓани“, апелираше Наташа Бошкова од Мрежата за заштита од дискриминација.
Подготовката на извештајот е дел од активностите на проектот „ЗСЗД под лупа: следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ во рамки на концептот „Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во Европската Унија“ на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

