Македонија
До кога Владата ќе крие дека се договорени прифатни центри за мигранти, прашува Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните на Република Македонија не избраа премиер и ресорни министри кои ќе ги лажат со цел опстојување на власт и задоволување на интересите и потребите на странски политичари и држави, велат во соопштение од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Со него, тие алудираат на повеќе одлуки кои, како што велат, покажуваат дека се подготвува изградаба на Центар за прифат на странци. Како доказ за тоа, од Демократската Фракција, неведуваат неколку факти.

„Одлуката за изградба на Центар за прифат на странци е помината на 45. седница на Влада (точка 151) одржана на 17 декември минатата година. Потоа, истата е објавена во Службен весник на РМ бр. 190, страна 74 и страна 75 од 25 декември 2017. Со оваа одлука префрлени се згради кои се наоѓаат на КП 35, КО Бардовци, запишани во Имотен лист бр. 2 140, на трајно користење на МВР, за да може преку ИПА фондовите на ЕУ да се добијат пари од Брисел за изградба и реновирање на објекти за прифаќање на странци“, објаснуваат од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека во одлуката наведени се 22 згради со вкупна површина од 4 827 метри квадратни кои треба да се пренаменат и реновираат.

Оттаму истакнуваат дека ваквите лаги и манипулации не поминуваат ниту во Тунгузија, а најмалку ќе поминат кај свесниот и чесен народ на Република Македонија.
„Единаесет години под водство на Груевски и фамилијата овој народ се изнаслуша невистини и непримерени приказни. Премногу е истиот стил и начин на работа да продолжи и понатаму. За оваа јавна лага најбезоболно решение е Ваша оставка и распишување нови избори. Демократска и европска Македонија не може повеќе да трпи политичари кои ја заобиколуваат вистината“, велат од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

