Македонија
До среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од „Вреди“ добило 9.000 евра од Општина Чаир

Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица.
„Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција. Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир“, се вели во партиското соопштение.
Левица ја повика Антикорупциската комисија да постапи.
Македонија
Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час на место каде што е дозволено 80, информираа од МВР.
Тој бил сопрен кај клучката Камењане, а се работи за 29-годишник со иницијали Б.М. од селото Пирок, тетовско.
„При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, соопшти МВР.
Притив него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
MВР во повеќе наврати во изминатиот период на овој пат затекна возачи кои возат далеку од пропишаната брзина.
Македонија
Во полициска станица е вработениот во НБРМ за кој Манев тврди дека го фрлил ранецот со пиштолот и моторолите

Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако Велибор Манев го спомена во завршните зборови во судница од рочиштето за Вања и Панче.
Вработениот во НБРМ беше посочен како задолжен од Љупчо Палевски да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Детали од неговиот исказ не можат да бидат објавени во оваа фаза, но од Обвинителството соопштија дека за постапката ќе информираат во текот на денот.