Македонија
До среда нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Претпладне во поголемиот дел ќе е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе се зголеми облачноста, а претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност
со пороен дожд и грмежи. T= 29 °C, P= 979 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s.
Утре и во среда се уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд. Веќе од среда ќе има повеќе сочево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута

Воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени, а планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Македонската амбсада во Израел информира дека постои најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14.00 часот.
Од Министерството за туризам на Израел добиена е информација дека функционира морската рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”).
„Следниот брод со слободни места “Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата“, велат од амбасадата.
За македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, се упатува молба да се обратат до амбасадата за добивање на Патен лист.
Македонија
12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила кај „Лимак“ за да се олесни сообраќајот пред комплексот клиники. Ова го најави министерот за здравство, Азир Алиу.
Паркинг местата кај „Лимак” за дел од вработените во Мајка Тереза ќе бидат обележани со табли, оддалечени на пет минути пешачење, а ќе продолжат да ги плаќаат самите, по истатат цена како досега. За тоа кој ќе паркира таму, ќе се одлучува на доброволна основа, рече министерот.
Според него, со пренасочување на возилата на оваа бројка на вработени надвор од кампусот, граѓаните нема да мора да решаваат сообраќајни проблеми и да губат нерви. Сепак, на просторот на Клиничкиот центар дневно се паркираат и до трипати повеќе возила одошто има место, а секоја нова власт изминативе две децении ветува изградба на катни гаражи во Клиничкиот центар и решавање на проблемот.
Алиу вели дека во моментов се врши мапирање на секој агол, по што ќе се знае точно колку возила може да се паркираат, кои се пиковите во текот на денот и каде се најкритичните точки на застој.
Министерот најави и интерактивни табли со цел пациентите полесно да се снајдат на Клинички центар, но засега не знае колку ќе чини тоа решение.
Македонија
Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката

Со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историска рана, велат од коалицијата Влен, додавајќи дека со закон ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.
„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува! Но, времето на неправдата завршува! Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од „Влен“.
Во партиското соопштение се доава дека ова не е политички чин, туку чин на правда.
„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од „Влен“.
Се додава и дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.