Македонија
ДПМНЕ ги разочара граѓаните, Муцунски е послаб градоначалник, дури и од Арсовска, велат од СДСМ
ДПМНЕ на половина мандат од локалната власт во град Скопје и во 40-ина општини целосно ги разочара граѓаните. Со неисполнување на дадените ветувања, ја изневери довербата на граѓаните, реагираат од партијата на власт.
„ДПМНЕ го доведе Скопје во хаос, со нефункционални јавни претпијатија, кои тонат во долгови. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еколошки автобуси, јавниот превоз е пред колапс, никаде го нема „модерно Скопје“.
Послаб градоначалник дури и од Арсовска е првиот човек на општина Аедродом Тимчо Муцунски, кој не реализираше речиси ништо од својата програма, а проектите на претходната локална власт предводена од СДСМ ги презентира како свои, како новоизграденото училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче, започнато од претходниот градоначалник“, велат од оваа партија.
Според СДСМ, по две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ, целата јавност се увери во нивната неспособност и празни ветувања.
„Градоначалниците на ДПМНE се најголемо разочарување за граѓаните“, се истакнува во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

