Македонија
ДПМНЕ побегна од анкетната комисија за Онкологија откога ја злоупотреби, велат од СДСМ

ДПМНЕ побегна од собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, бидејќи беа фатени во лага, во обид да ги излажат граѓаните, злоупотребувајќи ја комисијата, реагираат од СДСМ.
„Претседателката на комисијата Рашела Мизрахи ги прочита заклучоците напишани од Белата Палата, без усогласување, без гласање, без разгледување и ја прекина комисијата а ДПМНЕ цел ден бегаа. На овој начин Мизрахи директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата“, се истакнува во нивбата реакција.
Целта на ДПМНЕ, како што оценуваат, не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија, туку само политичките цели.
Потенцираат дека заради таквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.