Македонија
Дрин Ахмети во „ролс-ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од „Влен“
„Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено „ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите“, велат од ВЛЕН.
„Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајаз. Така, Али Ахмети со неговата маша Груби направија се за Мијалков да ужива во слободата.
Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор. Во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на “силниот“ чичко, Дрин Ахмети.
Дрин Ахмети не му се допаѓа Ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, “супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.
Можете да замислите, живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот. Ова е омаловажување, злоупотреба, измама на граѓаните додека моќта стекната со својот глас ја претворат во извор на богатење на нивните семејства.
Но, за среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари.
Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиранод меѓународниот фактор.
ВЛЕН е надежта на граѓаните Албанци, злото заврши. Срушена е кулата на ДУИ, се отвора нова перспектива за живеење“, соопштија од ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот кај село Колари е отстранет
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран претпладне во 10:30 часот, откако екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината.
На патниот правец село Лисец – Попова Шапка, каде во 05:45 часот изутрината поради врнежи од снег беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси, се работи на проширување на коловозот за нормално одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.
Македонија
Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег
Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег.
На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има пообилни врнежи од дожд и снег.
Како што најави претходно УХМР, на планините во северните делови денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, а попладне ќе дува ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Утре минимална температура од -1 до 4 степени, а максимална од 4 до 13. Најниска утринска температура се прогнозира за во четврток, од -1 до -8 степени.
Македонија
Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот
Уставниот суд на Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.
Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци.
Посочуваат дека средбите претставуваат можност граѓаните одблизу да се запознаат со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите.
За учество, заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса [email protected], а за дополнителни прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626, се наведува во соопштението.

