Македонија
Дуда: Лично ќе се заложам да се реши прашањето ако Софија повторно каже „не“
																								
												
												
											Полскиот претседател, Анджеј Дуда, на прес-конференцијата во рамки на денешната посета, изрази надеж дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.
Но, доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно повторно каже „не“, Дуда рече дека лично ќе истапи и ќе се заложи за изготвување на документ за полесен пристап на Северна Македонија кон ЕУ.
„Бугарија е сè уште во изборен процес и сè уште новата влада таму не е формирана. Се надевам дека новата влада ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже ‘не’ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ, односно документ којшто ќе послужи на вашата држава полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

