Македонија
„ДУИ во име на НАТО-фундаментализмот енергетски ќе ја пороби Македонија“, пратениците на Левицата се против штетните предлог-закони за нови централи
„За денешната собраниска седница, поднесени се четири предлог-закони во скратена постапка, кои се подеднакво погубни за енергетската независност на Македонија како владиниот проект за Чебрен. Подносител на овие закони е министерот од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, додека потписник е вицепремиерот Артан Груби“, велат од партијата Левица.
„Еден од предлог-законите се однесува на грчки „Митилинеос“, кој треба да гради когенеративна електрана во Гази Баба, за што ќе добие 50 милиони евра државна помош. Како што предупредуваат експертите, доколку биде усвоен ваквиот катастрофален закон, ЕСМ ќе биде обврзана да купува најмалку 85% од произведената електрична и топлинска енергија, по цени тројно повисоки од берзанските, затоа што никаде во договорот не е дефинирана цената на струјата. Со други зборови, профитот ќе завршува во странски држави, додека граѓаните ќе плаќаат тројно повисоки сметки!
Дополнително, државата е целосно оштетена со ваквиот договор, затоа што грчкиот инвеститор, после истекот на договорот од 30 години, не е обврзан да ја врати електраната во сопственост на државата. Грчкиот инвеститор ужива и низа привилегии, каде добива бесплатно земјиште од државата и цели десет години добивките од оваа когенеративна постројка нема да бидат подложни на нови даноци“, соопшти партијата Левица.
„Државата нема да има никаков удел во оваа инвестиција, додека истата ја помага со 50 милиони евра државна помош. Јасна е тенденцијата на амнестираните криминалци од ДУИ со ваквите скандалозни енергетски проекти. Како што изјави Битиќи, намерата на власта е целосно да ја исклучи централата „ТЕТО”, затоа што е руска инвестиција – иако истата беше клучна за време на енергетската криза. Ваквиот чекор е директно загрозување на енергетскиот суверенитет на Македонија во име на туѓи геостратешки интереси! Заради ваквите НАТО-вазални политики, Македонија е на дното во однос на гасификацијата, а директна последица од тоа е енормната загаденост на воздухот поради греењето на мазут и дрвја.
Доколку политичкото крило на УЧК по секоја цена сака да ја докаже својата посветеност кон НАТО, ги повикуваме да се приклучат на фронтот во Украина – наместо цела држава да ја ставаат во заложништво на приватниот капитал поради туѓи апетити и интереси!“, се додава во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.
Македонија
По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР.
Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

