Македонија
ДУИ во јуни на Конгрес

Демократската унија за интеграција во јуни ќе одржи Централен совет како највисоко тело меѓу двата конгреси, најави претседателот на партијата, Али Ахмети, по маратонскиот состанок на предводниците на партијата, каде, како што е наведено во соопштението, биле донесени заклучоци за континуитет на спроведување на програмата од извршната власт.
„Беа дискутирани и политичките прашања, вклучувајќи го проблемот со името, односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот за напредокот на Европската комисија, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, јазичната еднаквост итн. Претседателството го констатираше успешниот и ветувачки тек на преговорите за надминување на последната пречка во правец на целосна ЕвроАтлантска интеграција и ги охрабри властите храбро да пристапат кон затварање на долгогодишниот спор со Грција во периодот пред нас“ се наведува во соопштението од ДУИ.
Од почетокот на годината се појавија информации дека Ахмети планира да се повлече од лидерската позиција на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.