Македонија
ДУИ го избра централното претседателство
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес во Тетово го одржа четвртиот состанок на Генералниот совет, на кој присуствуваа речиси сите членови.
![]()
Организативниот совет на ДУИ едногласно ги изгласа имињата предложени од Али Ахмети за членови на Централното претседателство и тоа:
Рамиз Мерко
Јетон Шаќири
Фатмир Дехари
Крешник Бектеши
Ардита Дани
Талат Џафери
Невзат Бејта
Саранда Имери
Валдет Џафери
Бајлент Салиу
Фатон Ахмети
Теута Арифи
Џеват Адеми
Реси Абдирахмани
Бајрам Реџепи
Блерим Беџети
Изет Меџити
Артан Груби
Бујар Османи
Висар Ганиу
Назим Буши
Ејуп Халими
Аријан Даци
Еркан Арифи
Арбр Адеми
Мирсад Ибрахими
Шабан Мехмети
Џемил Ќамили
Емир Сулејмани
Артин Спахиу
Арбана Пашоли
![]()
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

