Македонија
ДУИ: Го реализираме историскиот проект за коридорите 8 и 10Д
Демократската унија за интеграција го поздрави одобрувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д од страна на Владата.
„Реализацијата на најголемата капитална инвестиција во историјата на Македонија ќе придонесе не само за патната инфраструктура и нејзина модернизација туку и за квалитетот на животот, економијата на земјата, како и за поквалитетно патно поврзување со соседните земји и со меѓународните коридори.
Демократската унија за интеграција им честита на граѓаните за ова историско достигнување.
Големиот проект за Коридорот 8 ќе се протега во должина од 68 километри со автопат со шест ленти, што ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево и Струга до Ќафасан, а Коридорот 10Д ќе ги поврзува Прилеп и Битола како проект што ќе се протега во должина од 40 километри со шест ленти, а периодот на реализација на проектот е 6 години од почетокот на работите. Големиот сон конечно се остварува!“, порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

