Македонија
Демантирана уште една лага, Николоски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, соопшти Демократската унија за интеграција

„Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николоски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николоски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, како што тој обвинуваше со недели“, велат од ДУИ.
„Во Собранието, Николоски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје – Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција.
ДУИ бараше Николовски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје – Блаце.
Николоски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.
Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје – Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.
Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања.
Неколкугодишниот политички лов на вештерки целосно пропадна имсе демонтира, вистината победи“, соопшти ДУИ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.