Македонија
ДУИ: За членови на советот на обвинителите се предлагаат сопартијци на Меџити од „Влен“
„Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити“, соопшти ДУИ.
„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.
Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.
Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, додаваат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Градоначалникот на Кисела Вода доби благодарница за придонес кон лицата со попреченост
Градоначалникот на Општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски денес доби признание. Од страна на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, му беше доделена благодарница за посебен придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
-Дозволете ми да го изразам моето искрено задоволство и чест што денес ја примам оваа благодарница во име на Општина Кисела Вода, на оваа значајна конференција која одбележува 75 години на организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во нашата земја. Вашето признание е потврда дека посветената работа и вложените напори се вреднувани и забележани. Ова признание ја носи со себе не само мојата лична гордост, туку и гордоста на целата Општина Кисела Вода и нејзината посветеност кон ранливите категории на граѓани, особено децата и лицата со пречки во развојот. Кисела Вода е препознатлива како општина која активно вложува и работи на создавање подобри услови за живеење на овие категории. Горди сме што реализиравме низа проекти и мерки кои го подобрија секојдневието на лицата со попреченост. Меѓу најзначајните иницијативи е отворањето на дневниот окупационен центар, во соработка со невладината организација “Крик”. Обезбедивме и простор за дневни активности за Здружението за деца со церебрална парализа, при што сите трошоци се покриени од сопствени средства. Секоја година ја збогатуваме библиотеката на децата со оштетен вид од ДУРМДОВ “Димитар Влахов” со книги напишани со Брајово писмо. Децата со попреченост активно учествуваат и во сите наши настани од културата. Секоја година, под наше покровителство, се одржува неколкудневен фестивал на инклузија со цел подигнување на свеста за ова општествено прашање. Во основните училишта во општината, опремивме сензорни соби, со што овозможивме учениците со различни потреби да ја добијат потребната поддршка. Во зградата на општината обележавме патеки за слепи лица, што сведочи за нашата решителност за создавање инклузивно општинско опкружување. Посебно сум горд на фактот што во општинската администрација имаме вработено лица со Даунов синдром и со попречен вид. Ова е пример за вистинска инклузија и докажува дека сите заслужуваат еднаква шанса и еднакво придонесуваат кон општеството-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.
Информираше дека годинава, за прв пат, со поддршка од него и од Општина Кисел Вода, беше реализирана инклузивната претстава „Малиот принц“, каде што учествуваа лица со церебрална парализа, а оваа година Кисела Вода беше и домаќин на логопедско-дефектолошкиот конгрес.
-Општина Кисела Вода интензивно работи на овој план, што ни овозможува да се истакнеме како водечка општина во поддршката на лицата со попреченост. Оваа благодарница за нас значи потврда дека патот кој го одиме е правилен. Ние не застануваме тука. Продолжуваме да соработуваме со институциите, невладините организации и сите заинтересирани страни за подобра иднина на лицата со попреченост. Досега имаме бројни предавања, трибина со Македонското научно здружение за аутизам. Од септември на наша територија, во соработка со “Гаспар” центарот, функционира и дневен центар за бесплатни индивидуални логопедски и психолошки третмани, кој е првиот лиценциран на територија на Кисела Вода. Во тек ни е соработка со УКИМ, поточно со Филозофскиот факултет, одделот на специјална едукација и рехабилитација каде што ќе има соработка и пракса со студентите, при што ќе се искористат максимално сензорните соби кои ги имаме и кои се целосно опремени. Продолжуваме да вложуваме во инклузија и развој, за секое дете и секој човек да имаат поддршка и можности за подобар живот. Благодарам уште еднаш за признанието. Ова е наше заедничко достигнување е поттик да продолжиме да градиме посилна и поинклузивна заедница-изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Лимани – Оздемир-Ѓокташ: Македонија и Турција се пријателски земји, поддршката и размената на искуства се од огромно значење
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за време на дводневната посета на Турција за учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјални политики на Република Турција, Махинур Оздемир-Ѓокташ.
Средбата на министрите беше можност за разговор на одредени прашања кои се во надлежност на двете министерства, со размена на позитивни искуства кои би значеле подобрување на досегашните политики и пракса.
Двете земји имаат долгогодишна соработка во областите кои ги покриваат, а потврда за тоа се склучените договори за соработка во областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето, како и потпишаната изјава за намера за соработка на полето на социјалната политика, каде што се опфатени прашањата поврзани со социјалните услуги за семејството, жените, децата, старите лица и лицата со попреченост.
Македонија и Турција успешно го спроведуваат Договорот за социјално осигурување, со кој македонските и турски државјани ги остваруваат правата од здравственото осигурување и здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување, каде се вклучени правото на старосна пензија, правото на инвалидска пензија, правото на семејна пензија, остваруваат право на осигурување во случај на несреќа на работа и професионална болест, право на осигурување во случај на невработеност и додаток за деца, соопштија од кабинетот на Лимани.
Тој истакна дека инвестирањето на Република Турција во Република Северна Македонија е од голема важност, земајќи предвид дека тоа ќе генерира и нови вработувања и подобрување на демографската состојба на државата. На средбата стана збор и за младинските политики кои Министерството ги опфаќа во насока на создавање на можности за младите и нивно задржување во земјата, како и инклузијата на ранливите категории на граѓани, децата, лицата со попреченост, Ромите. Притоа беше нагласена важноста на семејството како основна клетка во општеството и оттука и важноста на политиките, кои имаат цел поддршка на семејствата.
Страните истакнаа заложби за зајакнување на соработката, а тоа ќе се потврди и со потпишување на нов меморандум за соработка меѓу двете министерства за областите што се во нивна надлежност.
Македонија
„Влен“: Го ослободуваме правосудството од канџите на ДУИ
Кога ДУИ зборува за партизација на правосудниот систем, звучат смешно и жалосно. Тие треба да разберат дека влијанието врз судскиот систем заврши со нивниот крај, велат од коалицијата „Влен“.
Од тука истакнуваат дека албанскиот граѓанин има добра меморија и ги памти случаите кога судии и обвинители се именуваа со телефонски разговори каде се слушаа Али Ахмети, Муса Џафери и Блерим Ќосето Беџети како велат „Со еден обвинител Албанец помалку не се оди во рајот“.
„Посвежи се случаите како тој на Иџет Мемети, кој самиот кажа дека земал мито и ја призна вината. Пордолжуваме понатаму, изборот на Ислам Абази од Зајаз за главен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција имаше за цел инсталирање на политичко влијание врз ова обвинителство. И покрај тоа што негираа, фотографиите се сведок кои потврдуваат дека Абази се лизна од замокот на Али Ахмети на чело на Обвинителството за гонење на криминал и корупција. Исто така, народот не го заборава ниту Талат Џафери, кога го почасти својот син – Барлет Џафери, на функцијата обвинител уште пред да дипломира. Затоа, неслучајно довербата во судството е намалена на алармантни бројки, а тоа се случи токму кога во последователни години ДУИ беше дел од власта“, велат од „Влен“.
Се додава дека Северна Македонија 10 години по ред добива негативни оценки од Европската Унија во однос на реформите во правосудството, а во наредниот период „Влен“ нема да го дозволи ова.
„Советот на јавни обвинители е важен дел од правосудниот систем и правдата, за кој Влен активно бара реформски решенија, за да истиот биде независен и да ги исполнува основните вредности на Уставот“, велат од коалицијата.
Тие уверуваат дека ќе ја вратат довербата во судството и ќе ги тргнат канџите на ДУИ од судиите и обвинителите.