Македонија
ДУИ: ЗЕЛС се злоупотребува од политички цели
„Демократската Унија за Интеграција ги следи последните случувања во Заедницата на единиците на локалната самоуправа од формирањето на новата Влада и забележува дека оваа заедница почнала политички да се злоупотребува од моноетничката власт и без легитимитет и наместо афирмирање на барањата на општините и граѓаните, без поделби; се забележува централизација и амбиции за преземање на надлежностите од опозициските општини“, велат од ДУИ.
„Неприфатлива е тенденцијата да се централизираат работите и да се злоупотреби ЗЕЛС за да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на Европскиот фронт.
По непочитување на легитимитетот на централно ниво во случајот со формирањето на извршната власт, сега Владата на ВМРО-ВЛЕН почна да ја злоупотребува работата на ЗЕЛС во сите форми. Ова непочитување на градоначалниците на општините од редовите на албанската опозиција има тенденција да ја уништи политичката волја и албанските партии дури и на локално ниво.
Затоа, и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во Заедница на единиците на локална самоуправа, тело каде се координират активностите за работата на општините“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

