Македонија
ДУИ: Мицкоски да каже зошто им забранил на своите градоначалници да соработуваат со Албанци и зошто повикува на војна?
Изолираниот и осамен анти-НАТО и анти-ЕУ, истовремено и анти-Албанец според неговите ставови и одлуки, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, одбива и избегнува да се изјасни зошто им забранил на своите градоначалници да соработуваат со Албанци, зошто издал наредба да не се издаваат потврди за легализација на Албанци од страна на своите градоначалници, зошто издал наредба да не се даваат дозволи за градба за компании чиј сопственик е Албанец и зошто тој и неговите сопартијци повикуваат на војна против Албанците во 2023 година?, прашуваат од ДУИ.
„Објавувањето фотографија во маскирна униформа и со празен ‘калашников’ беше предвесник на долго планираната кампања со најави за војна од страна на ВМРО-ДПМНЕ и барање на 61 пратеник да не бидат условени од Албанците, слично како Никола Груевски своевремено, и го поттикна говорот на Александар Николовски во Собранието, во кој наведува дека Македонците ќе се кренат во 2023 година“, истакнуваат од партијата на Ахмети.
Ова, како што велат од таму, е скандалозно однесување од неодговорни предводници на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се осуди од сите, вклучително и од медиумите, цивилното општество, академската заедница и од сите партии што се залагаат за европска Македонија, членка на НАТО, со еднакви граѓани и во одличен соживот помеѓу сите заедници, мир, стабилност и безбедност, како и економски развој.
Денес, додаваат од ДУИ, сите партии, освен Левицата, се дистанцираат од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и неговиот коалициски капацитет е еднаков на НУЛА и тоа предизвикува нервоза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

