Македонија
ДУИ: Кому му пречи законот за игрите на среќа, со кој обложувачнците и казината се оддалечуваат на 500 метри од нашите деца и училишта
„Демократската унија за интеграција со изненадување и неверување ги следи дебатата и кампањата против законот за игрите на среќа, како и кампањата во одбрана на монополот.
Кому му пречи и кој го блокира веќе две години законот за игри на среќа со кој:
– обложувачниците и казината се оддалечуваат на 500 метри од нашите деца и училишта;
– се заштитуваат и спречуваат малолетниците од учество во игрите на среќа:
– се зголемуваат приходите во буџетот преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат културата, спортот, медиумите.
Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?
Кој од албанската опозиција лобира за дополнување на законот во корист на казината?
Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат.
Оддалечувањето на казината и на обложувачниците, како и демонополизацијата на индустријата, се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата, усвоени во Собранието.
Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!
Нема да нè спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“.
Соопштение на ДУИ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

