Македонија
ДУИ: Поддржуваме и бараме итно и целосно затворање на казината и обложувалниците
Една од програмските определби на Демократската унија за интеграција е целосно затворање на сите објекти за организација на игри на среќа, казина и обложувалници во земјата, велат од оваа партија.
Потсетуваат, дека во минатиот мандат ДУИ и Владата предложија закон, кој беше поддржан и од здружението за анти коцкање, за оддалечување на казината и обложувалници на минимум 500 метри од училиштата и верските објекти, како и заострување на условите лиценците и зголемување на даноците за организаторите.
„Овој закон не ги исполни во целост нашите и очекувањата на граѓаните, од причина што наша заложба од првиот ден е целосно затворање на казината и обложувалниците.
Законот беше блокиран речиси 3 години од тогашната опозиција, но конечно беше изгласан и одобрен од Собранието, без поддршка од пратениците кои сега се дел од ВЛЕН. Тогаш поранешниот претседател Пендаровски не го потпиша законот. При прегласувањето по враќањето на законот од страна на Пендаровски, пратениците кои денес се дел од ВЛЕН, не гласаа за усвојувсње на законот и овозможија продолжување на работата на казината и обложувалниците.
Овие вазали кои ги понижуваат Албанците водеа агресивна кампања со континуирани клевети и во својата програма ветуваа целосно затворање на казината и кладилниците, а ние заедно со Алијансата за Албанците и другите пратеници, ги предизвикуваме, целосно да ги затвориме, засекогаш да ги забраниме игрите на среќа во нашата земја“, потенцираат од ДУИ.
Пратениците на ДУИ и Европскиот фронт, како што велат, поддржуваат целосно и итно затворање на сите објекти за игри на среќа во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

