Македонија
ДУИ: Промената ги отстрани Албанците и од раководството на Фондот за здравство

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со неодамнешната одлука на Фондот за здравствено осигурување за назначување, првпат по многу години, двајцата директори само од македонската заедница.
„Овој акт претставува систематски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции на државата создавајќи опасен преседан за нивно исклучување од процесите на донесување одлуки на државно ниво.
Оваа одлука е директна последица на влада со моноетнички легитимитет, каде што нелегетимни лица избрани од своите патрони ги претставуваат само своите лични и клановски интереси, а никако интересите на Албанците“, велат од ДУИ.
„Таква влада, која не ги рефлектира различноста и легитимитетот на нашите народи, следи опасен пат, кој ги поткопува основните принципи на еднаквост и правда во нашата држава.
Овој чин е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и заштитните механизми за еднаква претставеност на сите етнички заедници. Ние веруваме дека отстранувањето на Албанците од клучните институции не е само неправда кон нашата заедница, туку и закана за стабилноста и меѓуетничката хармонија во Северна Македонија.
Оваа постапка не само што ги маргинализира Албанците туку и ги оштетува демократската структура и социјалната кохезија на државата.
Јавните институции треба да бидат одраз на праведно и еднакво општество, каде што сите граѓани, без разлика на етничката припадност, имаат можност да придонесуваат и учествуваат на еднаков начин“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пет активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот на територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои:
5 се активни, 3 под контрола, 12 се изгаснати
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец (трски и сува трева)
Пожари под контрола
1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
3. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
Изгаснати пожари
1. Општина Студеничани – с. Студеничани (сува трева)
2. Општина Крушево – с. Селце (сува трева)
3. Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
4. Општина Пробиштип – с. Бунеш (сува трева)
5. Општина Виница – ул. Славчо Стојменски (сува трева)
6. Општина Куманово – Градиште (ниска шума)
7. Општина Липково – с. Слупчане (стрниште и сува трева)
8. Општина Ранковце – с. Псача, м.в. Гладно Поље (сува трева)
9. Општина Кратово 1 – с. Железница (стрниште и сува трева)
10. Општина Кратово 2 – м.в. Филтер Станица Кратово (стрниште и сува трева)
11. Општина Гостивар – Депонија (ѓубре)
12. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)
Македонија
Топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40°C

Од утре Македонија ќе биде зафатена од нов топлотен бран.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето утре ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринските температури ќе се движат околу 10°C, додека дневниот максимум ќе достигне и до високи 40°C.
Во вторник, жештината ќе продолжи со иста интензивност – сончево време без врнежи, со минимални температури од 12°C и максимални до 41°C.
Среда носи слична слика – стабилно, сончево и жешко, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе се бидат околу 11°C, а дневните ќе се искачуваат до 40°C.
Во четврток, се очекува живата во термометарот повторно да се искачи до максимални 41°C, што ќе биде четврти последователен ден со температури над 40 степени.
Министерството за здравство потсетува за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:
– Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот;
– Внесувајте доволно течности избегнувајќи алкохол и засладени пијалаци;
– Носете лесна, светла облека и користете заштита за главата и за очите;
– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот;
– Посветете внимание на децата, на старите лица, на лицата со хронични заболувања и на бремените жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури;
– Во случај на симптоми, како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш побарајте медицинска помош;
– Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот;
– Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.
Македонија
ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати.
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
6. Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
7. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)
Под контрола:
1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати се пожарите во: Студеничани, Крушево, Македонски Брод, Куманово, Липково и Ранковце.