Македонија
ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8 ја потврди чистотата на проектот

Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт.
„Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.
Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година.
Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот“, се истакнува во соопштениетот на оваа партија.
Повеќе годишниот политички лов на вештерки, како што оценуваат, пропадна и вистината излезе на виделина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 29 до 39 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната 39 степени.
Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.
Македонија
ЦУК: Поради силниот ветер повторно се разгорени пожарите кај Велес и Македонски брод

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот, денеска се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, 6 се сè уште активни, 1 е ставен под контрола, додека 18 се успешно изгаснати.
Од ЦУК посочуваат дека поради силен ветер повторно се разгоре пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (Општина Велес). Гори мешана нискостеблеста деградирана шума, а пламените јазици се прошируваат во неколку правци.
Ветерот, исто така, повторно го активирал и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (Општина Македонски Брод), каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Покрај овие, активни пожари се регистрирани и на следните локации:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Желино – шумски пожар
Според последните информации, под контрола е ставен пожарот во с. Фалише, Општина Тетово, каде што гори ниска вегетација.