Македонија
Дурмиши во Катар: продлабочување на соработката и презентација на туристичките места во Македонија

Во рамките на посетата на Катар, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка, Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад.
На оваа средба се разговараше за политичките односи меѓу Северна Македонија и Катар, кои се засноваат на меѓусебно почитување и пријателството. Фокусот на оваа средба беше на продлабочување на соработката и презентација на туристичките места кои Северна Македонија ги има.
„Подготвени сме да им го понудиме сиот нашиот потенцијал на странските инвеститори, со цел развој на државата и отворање на нови работни места, рече министерот Дурмиши по средбата.
Дурмиши истакна и дека трговската размена меѓу нашите две земји низ годините бележи извонреден раст, при што му се заблагодари на министерот за покажаната волја и интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.