Македонија
Дурмиши ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес во Берлин
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши утре ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис формум ќе дискутираат на тема “10 години Берлински процес-Западен Балкан како економска област на патот на ЕУ“.
На конференцијата на министри покрај Дурмиши ќе присуствуваат министрите за економија на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Берлинскиот процес беше воспоставен во 2014 година како платформа за соработка на високо ниво меѓу високи официјални претставници на шест земји од Западен Балкан и нивните колеги во Земјите домаќини на Берлинскиот процес.
Процесот ги вклучува и институциите на ЕУ, меѓународните финансиски институции и граѓанското општество во регионот, Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и бизнисите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

