Македонија
Европските либерали до Зајкова: Ни треба силна либерална партија која ќе се бори против национализмот со европска агенда
Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска одржа осми конгрес за избор на партиски претседател, на кој досегашната потпретседателка Моника Зајкова, го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.
Од гостите од странство, поддржувачи на ЛДП, на конгресот се обратија Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.
„ Соработката со македонската Либерално демократската партија е на високо ниво и многу ми е драго што пратеничката Зајкова перманентно ги брани либерално демократските вредности и претставува нова генерација политичари, рече Роман Јакиќ претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа.
Според него она што е важно на Европа и светот се потребни вакви нови лидери кои ќе ја однесат Северна Македонија во ЕУ, да ни обезбедат добро здравство и образование, подобар систем, а нивната енергија е повеќе од потребна како борба против популизмот и национализмот.
„ Ни треба силна либерална партија која ќе се бори против национализмот и остварување на големи држави на Балканот, иако Западен Балкан се врати на патот во ЕУ, постои се наголемо ангажирани со стратегија на овој дел кои ја рушат западната либерално демократска агенда, додаде Јакиќ.
Лилијана Танги, пратеничка и членка на комисијата за надворешни работи во Франција се надоврза: „Ние сме ваши пријатели и може да потврдиме дека шесте земји од Западен Балкан се членови на европското семејство и мора да се приклучат кон ЕУ иако Франција не беше многу заинтересирана на овој регион, но сега може со сигурност да кажам дека Западен Балкан е следен приоритет на земјата и на новата влада од која ние како либерали сме дел веќе шест години и продолжуваме и понатаму.“
Според неа европската заедница е добра политичка платформа и преку неа граѓаните ќе почувствуваат дека ЕУ дава поддршка и ќе има дијалог на различно ниво и сите може да дадат предлози и придонес за да се промовира либерална и солидарна Европа која на тој начин ќе биде посилна.
„ Бугарија е со вас, а партиите треба да градат мостови, а не да ги рушат и да не размислуваат како да не разделат туку да не обединат, и да не се враќаат во историјата за да создаваат конфликти, рече Хамид Хамид, потпретседател на Либералната Интернационала.
Според него оценката за работата на една партија се дава на избори, а на Конгрес се дава оценката за работата на раководните лица, а ЛДП во Северна Македонија има голем придонес за членството во НАТО и патот кон ЕУ.
Покрај делегатите, на конгресот присуствуваа и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП, ВВД од Холандија, Движењето за права и слободи од Бугарија, Либералната партија од Црна Гора, Движењето ма Слободни Граѓани од Србија, Хрватска народна партија-Либерални демократи, Наша Партија-Босна и Херцеговина, Демократската Партија од Косово и Слобода од Словенија.
Гостите упатија порака дека либералите ќе донесат конкретни проекти за инвестиции кои треба да го подобри животот и со тоа ќе ја помогне интеграцијата на овој регион во ЕУ. Ќе се подобри стандардот и ќе има надеж затоа што во Западен Балкан има талентирани луѓе кои ја напуштаат земјата, особено младите, а задачата на ЕУ е да им се даде можност и перспективи за да останат во своите земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

