Македонија
Еден починат, 26 новозаболени и 36 оздравени од коронавирус во земјата
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 451
Куманово – 355
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –131
Тетово – 69
Струга – 61
Велес – 62
Битола –18
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Виница – 1
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен ф-тет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR-метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

