Македонија
(Видео) Еден семафор нема да го реши проблемот, порачаа жителите на Ѓорче Петров
Жители на Ѓорче Петров втор ден протестираат пред Основното училиште „Мирче Ацев“ каде што вчера беше прегазено 10-годишно дете, кое со тешки повреди беше пренесено во болница. Според нив, еден семафор нема да го реши проблемот на оваа улица каде што често се случуваат сообраќајни несреќи.
„Ова е страшно и алармантно. Се вози со голема брзина покрај училиште каде што цело време поминуваат деца. Само еден семафор нема да го реши проблемот бидејќи улицата е голема. Потребни се повеќе семафори и лежечки полицајци“, рече поранешниот кошаркар и жител на Ѓорче Петров, Тони Симиќ.
Се надевам, додаде тој, дека оваа иницијатива ќе ја избуткаме до крај. „Се работи за човечки животи. На оваа улица се вози брзо и повеќе од потребни се семафори и лежечки полицајци“, рече Симиќ.
Жителите на Ѓорче Петров велат дека на улицата „Борис Сарафов“ многу ретко се движи и патролира полиција и апелираат до надлежните органи да преземат одговорност и да го решат овој проблем. Тие велат дека и пред две недели било прегазено дете на истата улица кое со тешки повреди било пренесено во болница, а неодамна имало и жртва.
Од Општина Ѓорче Петров попладнево информираа дека во координација со Град Скопје договорено е на критичното место да биде поставен семафор. Градоначалникот Александар Наумовски вети дека додека е тој градоначалник, никогаш повеќе нема да се случи таков инцидент на тоа место.
„Како градоначалник, жител на општината и родител изразувам големо жалење за незгодата во која е повредено дете на наш сограѓанин. Посакувам што побргу да закрепне и се надевам дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе во мојата општина на тоа место нема да се повтори ваков немил настан, кој, за жал, се повторува. Во повеќе наврати, заедно со релевантните засегнати страни, но и невладини организации што работат на проблематиката, како општина инициравме средби на оваа тема, а дебатиравме за можни решенија токму пред неколку дена во мојот кабинет“, рече градоначалникот.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.