Македонија
Единствена Македонија: Владата е инсталирана од странците, неопходни се предвремени избори
Политичката партија Единствена Македонија преку соопштение го охрабрува премиерот Зоран Заев во пресрет на утрешната одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори да го прифати барањето на целата опозиција за распишување на парламентарни избори заедно со претседателските избори.
„Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори“, се вели во соопштението.
Единствена Македонија ги повикува европските дипломати да престанат со дејствување на начин кој не одговарал на нивниот дипломатски статус. Нивните отворени повици да не се распишуваат и предвремени парламентарни избори, како што велат од партијата на Јанко Бачев, претставуваат недозволиво мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
„Странски измеќар Заев секојдневно се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори, па, ајде да се соочиме со народот на предвремени избори за историската иднина на Република Македонија“, додава партијата во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

