Македонија
Единствена Македонија: Задоволни од средбата со пратеникот Мукоски
Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори „Македонија- блокира“ синоќа во рамките на народниот собир во Вевчани оствари средба со пратеникот Крсто Муковски во неговиот дом, соопшти Единствена Македонија.
Оттаму велат дека со Мукоски разговарале во пријатна атмосфера на кафе, со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот. На средбата, како што велат, биле разменети мислења за актуелната состојба во државата, во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоја цена да избрише сè што е македонско и зошто пратеникот Муковски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.
Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сè уште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Муковски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

