Македонија
Единствена Македонија: Иванов да ја спречи јазичната федерализација
Политичката партија Единствена Македонија го поддржува претседателот Ѓорге Иванов во намерата да не го потпишува законот за употреба на јазиците. Партијата на Јанко Бачев смета дека штом Иванов тврди дека законот е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да го почитува Уставот.
„Единствена Македонија го поддржува претседателот Иванов во одлуката да спречи јазична федерализација како преодна етапа за територијална федерализација или до кантонизација според мапата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет што му ја покажал на Иванов при нивната средба во претседателската резиденција на Водно. Дотолку повеќе, Иванов на 26 декември лани во годишното обраќање во Собранието рече: ‘Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик, туку тој претставува закана по унитарноста на државата. Законот го крши Уставот на Република Македонија’. Оттука, ако Иванов вели дека двојазичниот закон е закана за уставниот поредок, тогаш како претседател е должен да постапи според уставната одредба со која пред преземањето на должноста претседател се заколна и обврза на почитување на Уставот“, смета Единствена Македонија.
Политичката партија во соопштението испратено до јавноста истакнува Иванов да не дозволи да го потпише указот, па да остави Уставниот суд понатаму да се изјасни.
„Иванов да не наседнува на евтините трикови на Зоран Заев и Талат Џафери првин да го потпише указот, а потоа Уставниот суд да се изјаснува оти, прво, штом еднаш законот заживее, Уставниот суд дополнително и да утврди негова неуставност, нема институционална моќ што може да им одземе веќе стекнато право на Албанците кои 27 години не фермаат устав и ја тераат големоалбанската агенда со владејачката партија ‘Погреб за Македонија’ составена од ВМРО, СДСМ и ДУИ, и второ, простата вистина вели дека доколку се растура државата сите ќе нè затрупа во неа и каков било Уставен суд дополнително нема да го спречи тоа“, смета Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

