Македонија
Единствена Македонија: Трагедија, Димитров го слави Договорот од Преспа со кој се откажува од татко му Димитар
Во општата еуфорија и веселба на марионетската власт во Скопје по повод грчката ратфикација на Договорот за промена на името предначи потписникот на договорот Никола Димитров, кој, договорот го нарече дури визионерски патриотизам и дека е горд тоа што го направил иако со договорот се брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров, соопшти Единствена Македонија.
,,Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија, а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија и сега според договорот тие – татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот за промена на името со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со поптишувањето на капитулантскиот Договор од Преспа”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

