Македонија
Едмонд Темелко изгуби на изборите, Пали Колефски нов градоначалник на Пустец
По три мандати, Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) изгуби на локалните избори што се одржаа вчера во Албанија. За нов градоначалник на Пустец е избран Пали Колефски од Алијансата за европска Албанија.
Според првичните резултати, Колефски освоил 1.505 гласови, а Темелко 859.
Темелко во 2016 година, по налог на специјалното јавно обвинителство беше уапсен од македонската полиција и одведен на сослушување во кривичниот суд за случајот „Титаник“ во кој е осомничен за злосторничко здружување и за повреда на избирачкото право. За истиот случај, тој беше и во притвор – прво во истражниот затвор во Шуто Оризари, а потоа беше префрлен во куќен притвор.
Според резултатите на изборната комисија, Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија, е општина со најголем одѕив на гласачите со 55,44 отсто или 7.724 гласачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.