Македонија
„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ‘ЕСМ снабдување со топлина’, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци. Исклучок од ова не било ниту ЕСМ и претпријатијата дел од него“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едни од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ЕСМ Снабдување со топлина, а друго во кое буџетот се користел за испумпување пари на народот кои, најверојатно, завршувале во приватни џебови е ЕСМ Дистрибуција на топлина.
Раководството во оваа институција поставено од СДС и ДУИ, претпријатието го третирало како партиски плен, па затоа ќерката на Талат Џафери ЕСМ Снабдување со топлина била дел од Надзорниот одбор.
Тоа е истиот оној Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и потоа неговата ќерка да биде изгласана за дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.
И како што погоре споменавме, освен што си ги згрижувале своите најблиски на добро платени позиции, коалициските партнери СДС и ДУИ во ЕСМ Дистрибуција на топлина си местеле тендери по нивна мерка.
Имено, истражните органи спроведоа истрага за време кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, а именувано од СДС, за сторен криминал во вредност околу 8 милиони евра.
Си наместиле тендер од таа вредност, а 2 милиони евра ги испрале преку разни корупциски шеми, за истите веројатно да завршат во нечии џебови.
Но она што повеќе загрижува од самиот криминал, е фактот што СДС како тогаш, така и сега молчи и не се оградува од овие криминални и корупциски шеми во ЕСМ Дистрибуција на топлина.
Затоа легитимно се поставува прашањето, дали овие 2 милиони евра кои испариле, завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ и дали лица од тогашниот врв на овие партии имаат вмешано прсти во случајот?
Македонската јавност заслужува и одговори и одговорност за ваквиот начин на раководење на државните институциите од страна на СДС и ДУИ.
Потребно е Јавното обвинителство да ја води постапката одговорно, транспарентно и независно, за правда да има и одговорните да се казнат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

