Македонија
Парична помош и сместување за семејството кое изгуби две деца во пожарот во Шуто Оризари
Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди еднократна парична помош и сместување на семејствата кои вчера ги загубија домовите во пожарот во Шуто Оризари, а во кој загинаа две деца.
„Министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата. Екипа на Центарот за социјални работи Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш. Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите“, соопштија од Министерството.
Пожарот избувна вчера околу 14 часот на улицата Брсјачка Буна. Целосно изгоре куќата во сопственост на Р.А. (29), а беа зафатени три соседни куќи. Во болница биле пренесени пет лица, а во опожарената куќа биле пронајдени изгорени две тела на децата на Р.А..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на композиторот Живоин Глишиќ и на ликовниот уметник Беди Ибрахим.

