Македонија
„Екогерила“: Наместо Арифи да ги обвинува граѓаните за ѓубрето, нека пресмета колку контејнери треба да има
Актуелната градоначалничка на Тетово на низок и недостоинствен начин за функцијата што ја извршува, ги обвинува граѓаните за мини-депонии кои настануваат во градот, реагираат од невладината „Екогерила“.
Ова следува откако Арифи на социјалните мрежи ги едуцираше граѓаните дека сметот треба да се фрла во контејнери.
„Онаму каде што истите не се поставени значи дека не е место за оставање смет. И на 40 степени се чисти пред православните гробишта, јавна површина на која не доликува да се фрла отпад“, напиша Арифи на „Фејсбук“.
Меѓутоа, на ова реаагираат од невладинот сектор, од каде посочуваат дека вината е кај локалната власт, бидејќи граѓаните вооошто нема каде да го фрлат сметот, оти, како што велат, во градот недостигаат контејнери.
„Градоначалничката треба да биде информирана дека начинот на живот и потрошувачката на стоки во Тетово е зголемена во последните 10 години. Затоа, нејзините соработници треба да пресметаат и да испланираат колку контејнери треба да има според просечниот индекс, колку отпад има по жител и колку често треба да се чистат, бидејќи овие 8 години не е направено речиси ништо. И работниците на ЈПК Тетово не се виновни бидејќи работат во мизерни услови и целиот смет во градот се собира со 2-3 остарени камиони“, нагласуваат од „Екогерила“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

