Македонија
Еколошка забава во „Никола Карев“ – место влезница, две шишиња или празна батерија
Училишната заедница на СУГС Гимазија “Никола Карев” во соработка со Агенција за млади и спорт и еколошкиот „Биди зелен клуб – Никола Карев” организираат повеќе настани кои ќе се одржат на 27 декември (петок) со почеток во 19:30 часот во училиштето Никола Карев.
Организаторите најавуваат турнир во табла проследен со свирка. Ќе настапуваат бендови од Карев – Basement cult, Пешачки премин, 4:33 и како гости се средношколските бендови: Волт и Алтер его.
Исто така ќе има и наградни игри. На инстаграм-профилот на @mladinska_karticka е објавена специјалната награда, седумдневно патување за двајца на островот Крф. Победниците ќе бидат случајно извлечени и прогласени на самиот настан. За време на настанот книжарница ТРИ ќе има штанд на којшто ќе има најразлични книги со попуст до дури 50%.
Настанот има еколошки карактер, па затоа влезница ќе бидат две пластични шишиња или една празна батерија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски ќе го постави Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град
„Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промени што му се потребни на главниот град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата.
Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, поголема координација и побрза реализација на ветените проекти, изградба на нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и ефикасен јавен превоз.
Истовремено, резултатите од првиот круг покажаа дека СДС, со освоени околу 26.000 гласови, доживеа сериозен пад и дека граѓаните изгубија довербата во нивното раководство. Наместо да понудат решенија или аргументирана критика, тие продолжуваат по старата, погрешна насока.
Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, со реални и остварливи ветувања за подобро Скопје.
На 2 ноември, изборот е едноставен, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива

