Македонија
„Екогерила“: Смешно е тврдењето дека ќе се забрани пасењето добиток ако Шар Планина стане национален парк
Од движењето „Екогерила“ изјавата на поранешниот премиер, Зоран Заев, во врска со прогласувањето на Шар Планина за национален парк, како што велат, ја сметаат за несериозна и срамна.
„Образложението дека прогласувањето на Шар Планина ќе го одземе правото на пасење добиток е смешно и тенденциозно. Тој како поранешен премиер треба да знае дека добитокот не ѝ штети на животната средина и на биолошката разновидност во природата, но уништувањето на флората и фауната и разните природни ресурси доаѓа од изградбата на хидроцентрали и нелегалната сеча. Да се увери дека пасењето добиток не им штети на националните паркови, треба да побара од советниците да му го прочитаат Законот за заштита на природата, член 75, точка 2 и предлог-законот за Националниот парк Маврово, член 11, точка 3, во кој изречно се наведува дека пасењето добиток е целосно дозволен“, се наведува во реакцијата на ова движење.
Од „Екогерила“ потсетуваат и дека нашата земја е потписник и Бернската конвенција, која предвидува заштита на емералдните зони, дури и без да бидат прогласени за национални паркови.
„Со вакви изјави поранешниот премиер создава сомнеж кај граѓаните дека го жртвува прогласувањето на Шар Планина како национален парк за интересите на хидромафијата и другите групи на интереси“, додаваат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова присуствуваше на фестивалот Хид Бах Шен Фест по повод прославата на празникот на турската заедница Хидрелез
Во рамките на активностите во кампањата за вториот избор круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на фестивалот Хид Бах Шен Фест по повод прослава на празникот на турската заедница, Хидрелез во с. Чалакли, Валандово. Во прилог интегрален текст во кој професорката Гордана Сиљановска – Давкова ги сподели своите впечатоци:
– На покана на турската заедница од Македонија, имав особена чест, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, н.е. г-динот Фатих Улусој, поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа во ИЕ4, г-динот Александар Николоски и граданочалникот на Општина Валандово, г-динот Перо Костадниов, да присуствувам на фестивалот Хид Бах Шен Фест (Bahar Şenlikleri HID BAH ŞEN FEST) кој се одржува во селото Чалакли Валандово, а по повод празникот Хидрелез. Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта. Во една подлабока смисла, празникот Хидрелез одразува силна симболика на будењето на природата, а со тоа и на новиот циклус на обновување, не само на природата, туку и на животот.
Со задоволство ги проследив богатите церемонии, убавите танци и особено предизвикувачкото пеливанско борење, сето одраз на една богата културна традиција која се негува тука, во Македонија, Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез. Па оттука, културната идентификација е потполно иста што претставува своевидна апотеоза на природната хармонија помеѓу македонскиот и турскиот народ на овие простори. Во знак на ваквото единство, важно е да се спомене дека на заедничка иницијатива на Република Македонија и Република Турција, празникот Хидрелез во 2017 година беше прогласен за културно наследство на човештвото и истиот е запишан на листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.
Ако зборуваме за европски и цивилизациски вредности, тогаш токму апотеозата на Хидрелез и Ѓурѓовден и нашето културно единство како Македонци и Турци, се вредностите кои Македонија може да ги понуди на Европа. Среќна сум што овој шаренолик мозаик, наречен Македонија е јадрото кое не обединува сите нас кон подобра и горда иднина!
Македонија
Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.
„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.
Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.
„Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.
Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.
„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.
На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето “За наша Македонија”, на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија.
Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.
Македонија
Османи: На идните генерации не им треба мрачното минато, туку светлата европска иднина
Бујар Османи, во својство на претставник на Европскиот Фронт, денес одржа отворена дебата на тема: “Исклучувачки национализам во мултиетничките држави”
Османи на дебатата потенцира дека баналната реторика на македонскиот опозициски блок за наводното отфрлање на настаните од 2001 година, не е ништо друго освен залуден обид да се намали вистинската сила на Албанците наредени во неспорниот победнички блок – Европскиот фронт.
“На идните генерации не им треба мрачното минато, туку светлата европска иднина, во постојан сојуз со НАТО и САД” рече Османи и повика еднаш засекогаш да се осуди мрачната и безнадежна путинистичка политика.
Воедно, Османо истакна дека: “Кампањата за претседателски и парламентарни избори на Европскиот фронт е најпозитивната и најпрогресивната кампања од сите политички опции во земјава досега”, при што додаде дека јасната програма со конкретни развојни проекти, како и конкретниот преглед на европскиот пат на Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се главните столбови на опцијата на коалицијата предводена од ДУИ која на 24 април доби плебисцитна поддршка кај Албанците и другите заедници и која ќе се заокружи на 8 мај.
Дебатата беше поткрепена со излагањата и на проф. д-р. Арта Билали, проф. д-р. Башким Селмани и Даут Даути, писател и публицист.
Панелистите во своите излагања ги истакнаа негативните ефекти од подгревањето на национализмот и владеењето на нееднаквоста во општеството, односно ја истакнаа потрбата за вистинска еднаквост меѓу Албанците, Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите други граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.