Македонија
Експертска поддршка од Норвешка за клучните агенди на македонската Влада
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, амбасадорот Арне Санес Бјорнстад, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Владата и Амбасадата на Кралството Норвешка, со кој се предвидува норвешка експертска поддршка за македонската Владата во нејзините клучни агенди, вклучително надворешните и безбедносни работи и политики, пристапните преговори во ЕУ, регионалната соработка и доброто владеење.
Норвешката поддршка ќе биде реализирана од страна на Истражувачката Група за Балканска Политика (Balkans Policy Research Group), за што министерот Османи потпиша Меморандум за разбирање со извршниот директор на Групата, Наим Рашити.
Во предвечерието на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во 2023 година, министерот Османи и амбасадорот Бјорнстад го поздравија одличниот развој на односите изминатите три декади и ја потврдија заемната посветеност за нивно натамошно динамизирање и унапредување. Во таа насока, министерот Османи изрази надеж дека во првата половина на 2023 година во Скопје ќе биде домаќин на возвратната посета на неговиот норвешки хомолог, министерката за надворешни работи Аникен Хајтфелд.
На средбата, министерот Османи изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка на Кралството Норвешка во спроведувањето на реформите во нашата земја и во споделувањето на норвешките искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на Република Северна Македонија, потенцирајќи дека се исклучително важни и суштински за севкупните демократски процеси во земјата. Министерот нагласи дека Норвешка беше, е и понатаму ќе биде наш значаен партнер во развивањето на капацитетите за остварување на нашите надворешно-политички приоритети.
Амбасадорот Бјорнстад нагласи дека Норвешка ќе продолжи и натаму да ја поддржува Република Северна Македонија во развивањето на нејзините капацитети за постигнување на нејзините цели, односно нејзиното полноправно членство во Европската Унија. Денешното потпишување на двата Меморандуми за соработка се нова и конкретна потврда за норвешката одлучност за поддршка на Владата во нејзините напори за зајакнување на институциите.
Покрај за билатерални теми, на средбата се разговараше и за претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, актуелните состојби во регионот на ЗБ, руската инвазија врз Украина и глобалната енергетска криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

