Македонија
Со лажна банкарска гаранција скопска фирма добила тендер во Општина Пробиштип, проневерени околу 15.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против фирма од Скопје и нејзиниот управител со иницијали, М.Ш.(39), поради злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.
„Пријавеното правно лице и одговорното лице во текот на мај 2022 година, по пат на електронско јавно наддавање биле избрани за најповолен понудувач за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РСМ. Но, тие не го уплатиле целокупниот износ поради што Општина Пробиштип била принудена да ја активира банкарската гаранција. При активирање на гаранцијата, Општината била известена дека во банката не постои банкарска гаранција, односно банкарската гаранција била фалсификувана. На тој начин Општина Пробиштип од пријавените не успеала да го наплати своето побарување, при што ѝ е причинета материјална штета во вкупен износ од 932.400 денари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло со температури до 35 степени
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура
Македонија
Без вода дел од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )
-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )
Македонија
Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива
Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.
Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.
На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.
„Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива“, стои во соопштението.
На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“, соопштија од партијата.