Македонија
Ел Чека објави нови бомби за партиски вработувања
На фејсбук-профилот на Ел Чека објавени се нови прислушувани материјали. Во некои од нив се слушаат гласовите на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, и на Муса Џафери, кои разговараат за вработување партиски кадри.
Во петминутниот разговор се слуша договарање за да вработи ќерка на претседател на суд зашто нивен градоначалник имал предмет кај тој судија. „Градоначалникот на општината има еден предмет кај тој судијата и треба да му ја вработиме ќерката“, се слуша од гласовите на снимката.
Кичевското Обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмеди зад кој стои името на Ел Чека, кој живее во Чикаго, а по потекло е од кичевското село Туин. Тој подолго време објавува прислушувани телефонски разговори. Во разговорите се слушаат гласови на високи функционери на ДУИ, кои Ел Чека ги обвини за криминал. Обвинителството го товари кичевецот за неовластено прислушување и тонско снимање.
За бомбите што постојано ги објавува преку социјалната мрежа „Фејсбук“ тврди дека ги добил од припадници на групата осудени во случајот „Диво Насеље“. По затворањето на старите профили на „Фејсбук“, постојано никнуваат нови со негово име и слика.
Ахмеди се соочува со казна затвор од една до пет години. Во една од своите објави посочува дека не се плаши од екстрадиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

