Македонија
Енгел на средба со Џафери: Гледам позитивни промени, се движите во потребната насока

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го прими Елиот Енгел, претседателот на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Џафери му честиташе за стапувањето на функцијата претседавач со Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом на Конгресот на САД и изрази благодарност до конгресменот за неговата значајна улога, имајќи предвид дека со неговото присуство и ангажман, дал значаен придонес во просперитетот на регионот и нашиот успех во НАТО интеграцијата.
Џафери му се заблагодари и за писмото со кое тој и конгресменот Мајкл Мекол, му се обратиле на Државниот секретар на САД Мајк Помпео, за поддршка на нашата земја во процесот на евроинтеграциите.
Нашата држава, подвлече Џафери, досега и во иднина, во САД гледа најважен стратешки партнер кој во континуитет не поддржува на секој план, не само нас туку и целиот регион.
Од своја страна Енгел, ја нагласи улогата на законодавните тела во развојот на своите земји. Исто така, ја повтори силната поддршка на САД за НАТО членството на Република Северна Македонија, притоа честитајќи за определбата на нашата држава за развојот на добрососедството и за покажаната храброст при донесувањето на вистински одлуки во правец на решавањето на сите отворени прашања.
Позитивните движења што ги гледам, продолжи Енгел, укажуваат на тоа дека Република Северна Македонија се движи во потребната насока.
Двајцата соговорници се согласија дека билатералните односи меѓу двете држави се на највисоко ниво од воспоставувањето на дипломатските односи и континуирано ја следат нагорната линија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Учество на министерот Муцунски на Високиот сегмент на Советот за човекови права на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде, заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја.
Во рамки на своето учество, министерот Муцунски ќе оствари билатерални средби со високи функционери на Обединетите нации, како и со шефови на делегации од други земји. Овие средби ќе бидат насочени кон унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на позицијата на државата во глобалните процеси за заштита на човековите права.
Обраќањето може да се проследи во живо на следниов линк
Македонија
„Корупцијата во Министерството за животна средина се продлабочува, каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити“, прашува ДУИ

„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ.
„Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал?
Доверливи извори од Министерството за животна средина потврдуваат дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата на уцени и мито, вршејќи притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга.
Од лиценци и еколошки дозволи до обични бирократски постапки, ништо не поминувало без негово одобрение и без коруптивните шеми водени од кабинетот на Меџити.
Истите овие луѓе биле вклучени во слични корупциски шеми и во Општина Чаир, претворајќи ја во урбанистички кошмар за граѓаните.
ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите не само против Меџити, туку и против клучните личности во неговиот кабинет, вклучително и шефот на неговиот кабинет, кој со месеци води добро организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина.
Оваа Влада секојдневно тоне во скандали, докажувајќи ја својата неспособност и отворена корупција.
ДУИ ќе продолжи да ги разобличува сите случаи на злоупотреба на власта и да бара одговорност од сите што ја изневеруваат довербата на граѓаните“, соопшти ДУИ.
Македонија
Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.
Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.