Македонија
Есенска акција за генерално чистење на скопските општини
По повод Светскиот ден на чистењето – 21 Септември, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и Град Скопје организираат масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, кои промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.
Во периодот од 21 до 24 септември 2019 година во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе може да го одлагаат кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.
Садовите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:
Општина Чаир:
– раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ
– раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска
– улицата Ресенска, до ресторанот „Фа-Фа“
Општина Аеродром:
– булевар Февруарски поход, во близина на супермаркетот „Рамстор“, во близина на автобуската постројка на последна „5“
– булеварот АВНОЈ број 68 – 74 во непосредна близина на маркетот М
– нас. Лисиче, улица Димитар Туриманџоски, по Полициската станица
Општина Шуто Оризари:
– во близина на „Жито лукс“
– спојот меѓу улицата Брсјачка буна и улицата Нов живот, кај Спортската сала
– спојот меѓу улиците Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постројка на последна „19“
Општина Гази Баба:
– нас. Автокоманда, ул.Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на Центро)
– ул. Маџари, кај ресторан Далија
– нас.Железара, кај автобуската постројка на последна 16
Општина Бутел:
– улицата Груица Војвода (зад киното „Бутел“)
– сквер на улицата Хо Ши Мин и улицата Рудо, Бутел 1
– кај спортската сала „Иван Хаџи Николов“ во Радишани
Општина Кисела Вода:
– улицата Ратко Митровиќ, до Спортската сала
– раскрсница на улицата Христо Татарчев и улицата Дебарска, кај Гет-кафе
– Парк „Пушкин“
Општина Центар:
– спроти „Вучко“ на аголот на улиците Костурски херои и Борка Талевски
– кај кружниот тек во Дебар Маало на улицата Наум Наумовски – Борче
– кај Зелен пазар, на паркингот зад „Макпетрол“, до подземните контејнери
Општина Карпош:
– улицата Брадфордска, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во Козле
– улицата Женевска, кај автобуската постројка на последна „24“, во Тафталиџе 2
– улицата Ванчо Мицков бр. 50, кај постојните контејнери на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје
Општина Ѓорче Петров:
– улицата Даме Груев, десно по ромското маало
– нас. Хром, улицата Воин Д., до спортското игралиште
– нас. Дексион, кај автобуската постројка на последна „5“
Општина Сарај:
– на патот за Грчец, кај Халк банка
– с. Кондово, кај фурната
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

