Македонија
Есенска дератизација во општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Центарот за јавно здравје го почна спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата територија на општината. Акцијата почна минатата недела и ќе трае во наредните три недели.
При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамки, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината.
Од Општината појаснуваат дека есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов сончево време со услови за локален пороен дожд

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Извор: УХРМ
Македонија
Исчистен паркот спроти Нова Македонија

Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите.
Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот на просторот. Жителите пријавија случаи на нарушување на јавниот ред и мир, поставени шатори и физички пресметки, за кои постојат и видео-снимки кои се доставени до општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека јавните простори мора да се користат согласно нивната намена и ги охрабрува сите граѓани навремено да пријавуваат неправилности до надлежните служби.
„Притоа, се водевме и од социјалната димензија на проблемот – на терен беше затекнато и едно лице со посебни потреби, што дополнително ја нагласува потребата од институционална поддршка. Иако Министерството за социјална политика, демографија и млади не беше дел од денешната акција, сметаме дека е морално и неопходно да се вклучи во понатамошниот процес за да се обезбеди соодветна грижа за ранливите категории. Јавниот простор мора да остане чист, безбеден и достапен за сите“, изјави Герасимовски.
Македонија
Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и опфатен е со обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, денес се вознемири од новинарско прашање дали од морални причини би поднел оставка. Тој првин праша кој медиум му го поставува прашањето иако новинарката користи опрема со видливи ознаки, а место одговор на прашањето, се пожали дека новинарите му судат место судот.
„Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Има една општа пресумпција на невиност, која сите ја знаете – сѐ додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, а не надвор од судовите“, рече министерот Салиу, кој се појави на настан за одбележување на 2 август, ден кога стотици илјади Роми за време на Втората светска војна се убиени во логорите на смртта и им се заблагодари на премиерот и на Владата што овозможиле да се одбележи денот.
Не кажа дали размислува за оставка од морални причини.
Владата, пак, размислува дали да го разреши Салиу уште од април годинава. Во вторникот премиерот Христијан Мицкоски рече дека веќе е во комуникација со него за понатамошните чекори што треба да бидат преземени и дека ќе ја извести јавноста кога ќе има нешто ново.
Салиу заедно со 34 обвинети за пожарот во Кочани се сомничи за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството соопшти дека за обвинетите од Дирекцијата за заштита и спасување постои сомнеж дека со неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување.
На Салиу му е изречена мерка претпазливост и тој мора двапати недело да се пријави во судот.
За министерот Салиу не е коректно ниту сликањето и објавувањето на табличките од неговиот службен автомобил со кој оди во судот да се пријави.
„Не е коректно и не е фер новинари да сликаат таблички на моето возило. Службено е ама јас се возам во тоа возило, задолжен сум со тоа возило. Не е фер таков начин, јас не бев на одмор, не бев никаде, напротив во рамки на моите должности го извршив и тоа. Се пријавив. Јас од осум часот до некаде 17 часот сум на работа. Јас не бев никаде надвор од државата туку бев во судот“, рече министерот Салиу.
Службена „шкода“ со возач го чека министерот додека тој се пријавува во судот со што потврдува дека не избегал од земјава