Македонија
Ескобар: Северна Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Приштина, истакна дека Северна Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.
Вчера, Ескобар рече дека Северна Македонија е многу солиден партнер на Соединетите Американски Држави, и билатерално и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ, а Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во алијансата и интеграцијата во ЕУ, се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.
„Претходната влада беше посветена на членството во НАТО и влезот во ЕУ, а нашите очекувања се дека владата што ќе дојде по изборите, ќе биде слично посветена на членството во НАТО, влезот во ЕУ и борбата против корупцијата“, рече Ескобар.
Тој изрази надеж дека по изборите, ќе има можност да ја посети земјата бидејќи, како што нагласи при неговиот сегашен престој во регионот, ќе биде посветен на актуелните теми, како што се оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

