Македонија
ЕК: Пофалби, но и критики за МРТВ, непотизмот и политичките назначувања
„Ви честитам за ова признание“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на препораката од Европската комисија и презентирајќи го извештајот за напредокот на земјава.
Тој го потенцираше владеењето на правото, реформите во јавната администрација и судскиот систем, како и борбата со организираниот криминал како светли точки во годинешниот извештај.
Цитирајќи го извештајот тој нагласи и одредени критики во неколку сфери, како на пример, дека треба да се вложат дополнителни напори за финансиска одржливост и професионалност во јавниот сервис, иако нагласи дека климата за слободата на говорот и независноста на медиумите продолжува да се подобрува.

Во извештајот Европската комисија бара дополнителен напор од „сите судски институции“ за враќање на довербата на јавноста во судството. Се потенцира дека се донесени судски одлуки во неколку големи случаи, а дека новата законска рамка за спречување корупцијата се подобрува.
Во извештајот е нагласен и транспарентниот однос при изборот на новиот состав на Антикорупциската комисија и реформите кај разузнавачките служби и јавната администрација, но сепак се потенцира дека постојат наводи за непотизам и политички назначувања.
Меѓуетничката состојба останува мирна, а се поздравува и донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Во делот на економијата, се бараат промени во образовните програми со цел да се зголеми конкурентноста во економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

