Македонија
Жерновски во Софија: Создаваме нови мостови на пријателство со Бугарија
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски во Софија и’ беше гостин на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Причина за посетата беше фестивалот „One love tour”, настан на културата и традицијата, кој е многу повеќе од музички настан, претставува мисија за приближување на Македонија и Бугарија.
Овој фестивал се оддржува со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, како и со покровителство на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова.
„Создаваме нови мостови на пријателство со Бугарија” кои започнаа да ги градат премиерите Заев и Борисов“, рече Жерновски при посетата на Софија, надоврзувајќи се дека заедно испишуваме извонредни и историски моменти за двете земји, за регионот, за ЕУ.
Република Македонија повеќе нема отворени прашања со своите соседи. Советот на шефови на држави на Европската унија во своите заклучоци силно ја поздравува Спогодбата со Грција и потенцираше дека, заедно со Договорот со Република Бугарија, денес Република Македонија претставува пример во регионот за зајакнување и развивање на добрососедските односи, потенцираше Жерновски во Софија.
Тој упати силна благодарност за министерката за надворешни работи Екстерина Захариева, која во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи, силно лобираше за Република Македонија. „Така треба да изгледаат и делуваат вистински соседи и пријатели. Тоа е тој нов дух на Балканот за кој зборува цела Европа. Сакам да ве уверам дека ќе продолжиме по овој пат”, заклучи Жерновски, при неговото учество на фестивалот „One love tour” во Софија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

